English |    За Нас    |     Производи    |     Опрема    |   Фото Галерија  |     Контакт    |
 
НАШАТА ВИЗИЈА, ПАТ ВО ИДНИНАТА
   Со повеќе од 15 години традиција, ква- литет и богато искуство зад себе, денес печатница "ЕВРОПА 92" е една од најго-лемите и најуспешните графички куќи во Македонија.
  Почнувајќи од единствената линија за производство на компјутерски формулари во 1990-та година, следејќи ги совреме-ните текови на графичката индустрија, компанијата денес располага со 6600 метри квадратни производствено - административен простор, над 100 вработени и високо квалификуван менаџерски тим.
Сместена во индустриската зона на градот на оризот Кочани, во срцето на Балканот, нашата графичка куќа е пример за компанија која се држи во чекор со современите стандарди и светската технологија. Тајната на нашиот успех е високото ниво на иновативност, софистицираност, квалитет и прецизност во производството, како и целосно почитување на желбите на нашите клиенти.
  Во производствените погони во Кочани и Скопје покрај линијата за компјутерски формулари успешно инсталиравме и линии за:

   - весници , списанија, магазини;
   - книги, брошури;
   - проспекти, каталози , плакати;
   - компјутерски формулари.
   Нашата високо квалитетна подготовка, печат и доработка го изградија нашето реноме во полето на печатарството.
  Јасната претстава за промените на пазарот, искуството , динамиката и високата технологија им даваат сигурност на нашите клиенти, партнери и соработници.
  "ЕВРОПА 92" постојано ги следи барањата на своите клиенти и нуди отворена соработка во секој дел од полето на печатењето.


©Copyright Evropa92.com 2005